ВИДЕО: Принцот Хари ги изненади присутните на наградите „Дијана“

дијана хари меган
Профимедиа

Принцот Хари моментално е во карантин во Велика Британија пред церемонијата на откривање на статуата на принцезата Дијана во чест на нејзиниот 60-ти роденден. Настанот повторно ќе ги обедини принцовите Хари и Вилијам, по погребот на принцот Филип. Пред имениот настан, принцот Хари се појавил изненадно во виртуелна форма на неодамнешната церемонија на наградата „Дијана 2021“, каде што одржал говор пофалувајќи ги почесните.

Додека со препознавање зборува за работа на наградените, принцот Хари им порача дека неговата мајка, принцезата Дијана ќе била горда: „Би била толку горда на сите вас што живеете автентичен живот со цел и сочувство за другите“.

„Нашата мајка веруваше дека младите имаат моќ да го променат светот“, објаснува војводата. „Таа веруваше во вашата сила затоа што ја гледаше од ден на ден во лицата на младите луѓе како вас и беше сведок на безграничен ентузијазам и страст“, вели тој во говорот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Diana Award (@dianaaward)

Понатаму во текот на говорот, Хари ја спомнува неговата сопруга Меган Маркл додека зборува за иднината и како младите лидери можат да ја обликуваат. „Мег и јас во основа веруваме дека нашиот свет е на прагот на промена, вистинска промена за доброто на сите“, пренесува „US Weekly“.

Во изненадното видео, принцот Хари спомна и за претстојниот настан во чест на покојната принцеза на кој ќе присуствува и неговиот брат. Статуата на принцезата Дијана ќе биде откриена во градината на палатата Кенсингтон на 1 јули 2021 година.

Меган Маркл која неодамна ја роди ќерката Лилибет Дијана нема да патува во Велика Британија за претстојниот настан. Објавено е дека и посетата на принцот Хари ќе биде кратка според анонимен извор за списанието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот