ВИДЕО: Пресврт на Белгија во режија на Де Брујне

Белгиецот Кевин де Брујн е меѓу тројцата кандидати за признанието од УЕФА/Фото: EPA-EFE/Wolfgang Rattay

Репрезентацијата на Белгија обезбеди пласман во осминафиналето на Евро 2020 откако во второто коло ја совлада Данска и тоа со пресврт.
Данците успеаја да се опорават од шокот од првото коло кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Тие офанзивно тргнаа од самиот старт и веќе во втората минута поведоа преку Јусуф Поулсен. Ова воедно е вториот најбрз гол во историјата на Европските првенства.
Но, Данците не застанаа по постигнатиот гол, продолжија со нападите, создадоа неколку шанси но не успеаја уште еднаш да го совладаа Тибо Куртоа.

Во второто полувреме Белгија прави пресврт и тоа благодарение на Кевин Де Брујне кој само по 10 минути откако влезе му асистираше на Торган Азар за 1:1. Потоа во игра влегоа и Еден Азар и Аксел Витсел кои внесоа дополнителен ритам во играта на Белгија. Токму Азар учествуваше во постигнувањето на вториот гол, тој му асистираше на Де Брујне за 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот