ВИДЕО | Премиер лига: Ливерпул со пресврт до победа, Брајтон повторно сигурен

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во терминот од 16:00 часот денес во Премиер лигата се одиграа три натпревари во кои се постигнаа дури 12 голови.

Ливерпул по ремито со Челси во првото коло, стигна и до првиот триумф  во сезоната откако денес беа подобри од Бормут со 3:1. Добро започнаа гостите по само три минути игра Семенјо ја погоди мрежата на Алисон за водство од 0:1.

Како што одминуваше вреемето Ливерпул стануваше поконкретен, а голот за изедначување во 28. минута го постигна Луис Диаз. Осум минути подоцна избраниците на Клоп добија најстрога казна, а одговорноста ја презема Салах.

Нето го одбрани ударот на Египќанецот, но по одбиената топка беше немоќен. На пауза Ливерпул замина со водство од 2:1. На стартот од вториот дел Мекалистер заработи црвен картон, меѓутоа и така Ливерпул постигна уште еден гол за победа од 3:1.

Брајтон одигра одлично на гостувањето кај Вулвс и славеше победа од 1:4. Се започан со фантастичниот гол на Митома по еден одличен соло продор во 15. минута. Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа Еступинан и Марч двапати. Голот за утеха за Вулвс беше дело на Хванг Хи-Чан.

 

Брентфорд во последниот натпревар беше сигурен и со 0:3 го совлада Фулам. И на овој натпревар како и на преостанатите два видовме исклучување. Рим од домашниот тим заработи втор жолт картон во 66. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот