ВИДЕО: Прекрасен гол на Асенсио, Шпанија е вториот финалист во Токио

Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Репрезентациите на Бразил и Шпанија в сабота (7 август) од 13.30 часот по македонско време ќе се борат за златниот медал на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Денеска во второто полуфинале Шпанија успеа во продолженија да го совлада домаќинот Јапонија со резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио со еден убав погодок во 115 минута од средбата.

Претходно во регуларниот дел во 57 минута беше досуден пенал за Шпанците, но судијата Кевин Ортега одлучи да ја поништи својата одлука после ВАР снимката.

Во самиот финиш, во 88 и 91 минута Рафаел Мир и Ојарзабал имаа одлични шанси, но јапонскиот голман добро реагираше и во двете ситуации.

В петок од 13.00 часот Јапонците во борбата за бронзата ќе ги одмерат силите против селекцијата на Мексико.

Бразил ќе го брани златото: „Кариоките“ во пенал рулетот подобри од Мексико

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот