ВИДЕО: Поради пожарите во Сибир, се случува најголемото загадување на воздухот во историјата

Топлотниот бран во еден од најстудените региони на светот предизвика пожари во шумите и му се закани на сибирскиот град Јакутија со апокалипса во форма на густ отровен чад, објавија службите за мониторинг на атмосферата.

Се смета дека високи нивоа на честички, а можеби и хемикалии, вклучувајќи озон, бензен и водород цијанид, го прават ова еден од најлошите глобални загадувачи на воздухот во историјата. Локалните власти предупредија 320.000 жители да останат во затворен простор за да избегнат гушење од чад, пишува Гардијан.

Сателитската анализа покажува дека во последните денови, нивоата на ПМ2,5, или мали честички што можат да навлезат во крвотокот и да ги оштетат човечките органи, се искачиле над 1.000 микрограми на метар кубен, што е 40 пати повисоко од препорачаните нивоа на безбедност на Светската здравствена организација.

Во вторникот, мониторите за квалитет на воздухот во Јакутск измерија нивоа на ПМ2,5 од 395 микрограми.

Ова спаѓа во екстремната категорија на „воздушна апокалипса“, што по дефиниција носи „непосредни и тешки ефекти за секој“.

Фотографии од читањата може да се најдат на руските социјални мрежи, кои се повеќе од 17 пати полоши од просекот дури и во најзагадените градови во Индија и Кина.

Си-Ен-Ен пишува дека голема површина е покриена со магла, а шумски пожари се пробиваат низ шумите, кои се суви по повеќенеделните горештини. Пожарите се големи, а ветровите силни – чадот патува сè до Алјаска.

Научниците веруваат дека човечкиот фактор во климатските промени е важна причина за овие настани. Јакутск, главниот град на руската североисточна федерална република Саха, позната и како Јакутија, е најстудениот зимски град на планетата, но поради глобалното затоплување, летните температури тука растат барем 2,5 пати побрзо од светскиот просек.

Минатата година температурите беа најмалку пет степени Целзиусови над просекот, што доведе до топење на мраз и создавање невообичаено ран и интензивен почеток на сезоната на шумски пожари.

Научниците велат дека ова се должи на издувните гасови, индустриските емисии, уништувањето на шумите и другите човечки активности, посочува Гардијан.

Пожар во најстуденото населено место во светот

Голем дел од околината на градот со околу 300.000 жители е составен од густа зимзелена шума (тајга), која полесно се пали кога е топло и суво. „Сибир Тајмс“ на почетокот на мај го објави првиот пожар во околината на Ојмјакон во североисточна Јакутија, кое е познато како најстудено населено место во светот поради рекордно ниските температури.

Како што се проширија пожарите, повеќе од 2.000 пожарникари од Јакутија и засилувања од други области беа распоредени низ целиот регион.

Воените авиони биле користени за натопување шуми со вода и сеење облаци со сребрен јодид и течен азот за да предизвикаат дожд. Некои очајни заедници, наводно, ангажирале дури и деца во гаснење пожари. Сè на сè, ова е најголемата операција за гаснење пожари во овој регион од распадот на Советскиот Сојуз. И покрај сите напори, десетици пожари беснеат надвор од контрола.

Застрашувачко видео од регионот покажува густ црн чад и црвен пламен долж автопатот Колима, кој во времето на Советскиот Сојуз беше познат како „Патот на коските“ поради стотици илјади затвореници кои починаа за време на градењето. Овој главен пат оттогаш е затворен. Туристите на брод на реката Лена објавија снимки од мобилни телефони од нивното крстарење покрај запалените ридови.

Минатата недела Министерството за вонредни состојби на Република Саха соопшти дека горат повеќе од 250 пожари на 5.720 квадратни километри, површина приближно двојно поголема од Луксембург. Сателитските снимки на американската вселенска агенција НАСА покажаа огромни облаци чад кои се издигаат во атмосферата. Врз основа на сателитски набљудувања, Службата за мониторинг на атмосферата во Коперникус на Европската унија објави дека шумските пожари во Саха ослободиле 65 мегатони јаглерод од 1 јуни, далеку над просекот од 2003-2020 година. Ова е втор највисок вкупен резултат досега.

Чадот од шумски пожар содржи повеќе токсини отколку најзагадените урбани центри. Марк Парингтон, постар научник од Коперникус, рече дека анализата на атмосферските аеросоли од пожарот во Саха сугерира на површински нивоа на ПМ2,5 над 1000 микрограми на метар кубен воздух, заедно со други потенцијални состојки како озон, амонијак, бензен, водород цијанид и органски аеросоли.

За споредба, годишниот просек во познатите смог градови како што се Пекинг, Хотан, Њуделхи и Газиабад е помеѓу 100 и 110. Парингтон рече дека климатските промени помагаат да се создадат услови за повеќе пожари во северните крајбрежни шуми во Сибир и Канада, кои се затоплуваат побрзо од глобалниот просек. Ова е во согласност со поширокиот глобален тренд на пожари кои се движат од тревници во шуми богати со гориво, кои испуштаат повеќе јаглерод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот