ВИДЕО | Пачкова: Историска шанса е парламентарците да ги вклучат самохраните мајки во новиот закон за спречување на семејно насилство

Не се доволно разбрани самохраните родители при доделувањето на еднократна помош како дел од мерките за справување со последиците од пандемијата а за тоа говори фактот дека се работи за еднократна помош во висина од 6.000 денари и тоа само на исклучително мала група од големиот број самохрани родители, смета Дороти Пачкова, претседателка на здружението „Една може“ кое се застапува за унапредување на правата на еднородителските семејства.
„Сите чекори кои овие месеци ги презема нашата граѓанска организација се во насока на сензибилизирање на оние што одлучуваат да разберат дека всушност не ја завршиле работата со само една мерка која има малку влијание бидејќи е еднократна, а и се работи за мал опфат на луѓе кои можат да ја користат. Од нашето здружение аплицираа околу 500 самохрани мајки, а поголем број од нив воопшто не беа земени предвид за оваа мерка бидејќи не спаѓаат во предвидените категории самохрани родители. Ние детектиравме осум видови самохрани родители според настанокот на еднородителско семејство, а мерката за еднократна помош опфати само две од овие категории. Ние како здружение поднесовме жалба до владата, но се уште немаме никаков одговор“, вели за Утрински брифинг, Дороти Пачкова, претседателка на здружението „Една може“.
Минатиот месец на иницијатива на здружението „Една може“ се одржа седница на Собранието на која тие ги изложија своите решенија и забелешки за предлог-законот за спречување и заштита од насилство на жените и семејното насилство. „Ние се обидовме да укажеме законот да не биде родово слеп и да биде во служба на оние за кои е создаден, од една страна и од друга страна, оваа е можност за која искрено се надевам дека парламентот нема да ја пропушти – за прв пат во историјата на Македонија да ги вклучи самохраните родители како посебна целна група и во законот да ја стави дефиницијата за самохраност и еднородителско семејство согласно со амандманите што ги поднесовме“, рече Пачкова.
„Исто така бараме да се смени дефиницијата за самохран родител, која сега ја има само во законот за заштита на децата од пред 15 години, како и дефиницијата на ранливост која е и социјална консрукција. Поднесовме конкретни забелешки тие се европски предлози, односно успешни примери, парламентарките не слушнаа и останува на 18 јануари да ја напишат историјата и да ги вклучат самохраните родители“, додава Пачкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот