ВИДЕО | Османи ги одликува Пленковиќ и хрватската болница за грижата за Косовците по трагичната сообраќајка во јули годинава

Андреј Пленковиќ и Вјоса Османи
Андреј Пленковиќ и Вјоса Османи / Фото: Фејсбук, Вјоса Османи

Косовската претседателка Вјоса Османи ги одликува денеска со државниот орден „Света Тереза“ хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и болницата „Д-р Јосип Бенчевиќ” во Славонски Брод, поради нивниот хуман однос кон косовските граѓани кои настрадаа во сообраќајната несреќа на 25 јули годинава во близина на споменатиот град во Хрватска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Османи се наведува дека ордените на хрватскиот премиер и на болницата во Славонски Брод им се доделуваат поради „грижата, брзата реакција и солидарноста на хрватската држава” по несреќата на косовскиот автобус кој патуваше од Германија, а во која загинаа 10, а беа повредени уште 26 Косовци.

– Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи го прими денеска премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кого го одликува со Претседателскиот орден „Света Тереза”, поради грижата, брзата реакција, солидарноста и хуманоста на хрватската држава во случајот на трагичната несреќа од 25 јули годинава во близина на Славонски Брод, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Османи со истиот орден ја одликува и болницата во Славонски Брод, поради „изразената хуманост, посветеност и професионализам во грижата за настраданите”.

Косовската претседателка му ги предаде ордените на хрватскиот премиер Пленковиќ, кој денеска престојуваше во еднодневна официјална посета на Косово, каде што имаше средби и со премиерот Албин Курти и со собранискиот спикер, Глаук Коњуфца.

Извор: МИА

Курти до Пленковиќ: Косово никогаш нема да ја заборави хрватската хуманост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот