ВИДЕО | Косовски автобус се преврте во Хрватска: Во страшна сообраќајна незгода 10 луѓе го загубија животот, а десетици се повредени

Фото: Screenshot/YouTube

Во автобуската несреќа што утринава се случи на автопатот во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод досега има 10 мртви и 45 повредени патници во автобусот со косовски регистерски таблички.

Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 патници.

– Автобусот бил полн со патници, им изјави началникот на сообраќајната полициска станица „Славонски Брод”, Фрањо Галиќ, за новинарите, пренесе локланиот СБ онлајн.

Во првичните полициски информации се говореше за несреќа на автобус со македонски регистерски ознаки и тројца мртви и десетина повредени, но потоа бројката на загинати патници се зголеми прво на осум, за подоцна полицијата да објави дека има десет мртви.

– Ситуацијата е многу тешка и сѐ уште има голем број патници со повреди опасни по животот, изјави Дамир Брезиќ, портпарол на полицијата во Брод-Посавина.

– За време на истрагата, полицијата утврди дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблички и дека, според моментално достапните информации, во несреќата загинале 10 лица, додека неколку десетици се пренесени во болницата во Славонски Брод на лекарско лекување. Повеќе информации ќе имаме откако ќе заврши истрагата, соопшти полицијата.

Хрватскиот авто-мото сојуз соопшти дека сообраќајот е во прекин. „Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот е во прекин на автопатот А3 Брегана-Липовац, меѓу клучките Славонски Брод Запад и Славонски Брод Исток, во правец кон Липовац”.

Директорот на болницата во Славонски Брод, д-р Јосип Самарџиќ, изјави дека од утрово во болница се примени 45 лица, кои побарале лекарска помош по тешката несреќа на автопатот, а осуммина од нив се со потешки повреди.

За несреќата реакција стигна и од хрватскиот премиер.

– Со голема тага ја примивме веста за автобусот што слетал од автопатот кај Славонски Брод, во кој животот го загубија 10 лица. Мислиме на семејствата на жртвите и на косовските власти и луѓе, на кои им изразуваме нашето најдлабоко сочувство и сочувство, напиша Пленковиќ на Твитер.

Тој додаде дека министерот Вили Берош и шефот на цивилната заштита Дамир Трут биле на пат кон местото за да се запознаат со околностите на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот