ВИДЕО | Одбројувањето започна: Уште два дена до големиот концерт на Слаткар и Тони Зен, еве како течат подготовките
Одбројувањето започна! Само уште два дена не делат од еден од најочекуваните музички настани оваа есен заедничкиот концерт на Марко Маринковиќ – Слаткар и Тони Петковски – Тони Зен, кој ќе се одржи на 11 октомври во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Двајцата познати претставници на македонската хип-хоп сцена се подготвуваат за спектакл што ветува вистинска експлозија од енергија, емоции и добра музика.
Препорачано
На концертот ќе се изведат нивните најголеми хитови кои бројат милионски прегледи на Јутјуб. Публиката ќе има можност да ужива во нумери како „Спушти се доле“, „Милион лета“, „Еуфорија“, „Спушти се доле 2“ и многу.
Подготовките за настапот се во полн ек, сцената, светлото и визуелните ефекти се внимателно осмислени за да создадат спектакуларно доживување. И двајцата артисти споделија дел од атмосферата на пробите на своите инстаграм-профили, каде што може да се забележи позитивната енергија на целата екипа.
По сè што може да се види и чуе, љубителите на домашната хип-хоп сцена може да очекуваат вечер полна со адреналин и големи изненадувања. Овој концерт, без сомнение, ќе биде музички настан за паметење вечер кога македонската публика ќе ја почувствува вистинската магија на Слаткар и Тони Зен, обединети на иста сцена.


