ВИДЕО | Објавена снимка од моментот кога полицијата пристигна на местото на масовното пукање во банката во САД

Луисвил банка / Фото EPA-EFE/LUKE SHARRETT

Полицијата објави снимка на која се прикажани хаотичните моменти откако полицајците пристигнале на местото на масовното пукање во банката во центарот на Луисвил, кога напаѓачот што не можеле да го видат од улица отворил оган врз нив. Станува збор за снимки кои се снимени благодарение на камерите поставени на телата на полицајците. За потсетување, во престрелката загинаа пет лица, а осум се повредени.

Еден полицаец бил застрелан во главата неколку минути по доаѓањето на местото на настанот, додека неговиот партнер бил убиен веднаш потоа. Заменик-началникот на полицијата во Луисвил, Пол Хемфри, на прес-конференција зборуваше за клучните детали од снимката и ги пофали полицајците за нивниот херојство, пишува „АП“.

Полицијата добила дојава за пукање во 8 часот и 38 минути, а на местото на настанот пристигнале двајца полицајци три минути подоцна. Тие не излегле ни од патролното возило кога вооружениот напаѓач почнал да пука во нив. „Назад, назад, назад“, извикува еден од полицајците, додека во позадина се слушаат пукотници.

На фотографијата од надзорната камера се гледа како 25-годишниот напаѓач во фармерки, сина кошула и патики држи пушка додека е опкружен со скршено стакло внатре во зградата. Полицијата тврди дека напаѓачот поставил заседа за да ги нападне полицајците штом пристигнале.

Хемфри објаснил дека поради одразот, полицајците не можеле да го видат напаѓачот низ стаклената влезна врата, додека тој имал добар поглед кон нив. На видеото се гледа како полицаецот Кори Галовеј вади пушка од багажникот на своето патролно возило и им наредува на колегите да го покријат.

Галовеј потоа почнал да се приближува до банката со колегата Николас Вилт, кој дипломирал на полициската академија само 10 дена претходно. Во моментот кога полицајците се движеле кон влезната врата, напаѓачот испукал серија куршуми. Вилт бил застрелан во главата, а еден куршум го напасил рамото на Галовеј.

Камерата на неговото тело го покажува Галовеј како паѓа, а потоа се заби зад бетонска жардињера на дното од скалите што водат до зградата. Тој чекал да дојдат други полицајци, по што одекнала нова серија истрели и било скршено стаклото. Галовеј пукал во напаѓачот во 8:44 часот, три минути по пристигнувањето.

„Мислам дека го добив! Мислам дека е долу!“ се слуша на снимката. Потоа влегол во зградата и му пришол на осомничениот кој лежел на земја во фоајето до пушката. Вилт итно бил пренесен во болница и вчера се уште бил во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот