Миодраг и Раде Врчаковски / Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Новости кај Врчак: Татко му Миодраг Врчаковски на уникатен начин ги најави со оваа позната личност

На необичен и уникатен начин, д-р Миоград Врчаковски најави новости од својот син, раперот Раде Врчаковски – Врчак.

Врчаковски сними видео со својот познат сосед, Перо Антиќ, и со тоа го најави новиот албум на Врчак.

„Драги пријатели, денеска налетав на една извонредна личност. И знаете ли кој е поводот? Па, се договораме да направиме трансфер, а погледнете кој е, мојот драг Перо“, рече д-р Врчаковски, а Перо Антиќ се надоврза дека пораснале во истата наеслба.

„Поздрав до сите. Пораснавме заедно тука, со Раде“, вели Перо Антиќ во видеото.

„Може ли сега да се договориме, не зборуваме за цената, туку зброуваме за миленичето на Раде Врчак, и тој со тешко срце реши да ти го отстапи беспалтно“, вели Врчаковски покажувајќи ја мачката на син му.

„Голема благодарност до братот Раде за новиот член на мојата фамилија“, рече Перо Антиќ.

Видеото, доктор Врчаковски го нарече: „Пред раѓањето на новито албум на Врчак“.


На крајот од 2025, Врчак го најави новиот албум кој беше одложен порадои смрта на неговиот пријател Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“.

„Нов албум наскоро! Сите велат албумот е врв! Албумот ќе биде посветен на љубов кон целиот женски род во човештвото и ќе биде бесплатен за сите.

По заминувањето на Владимир Блажев од овој свет, планираната декемвриска промоција на новиот македонски албум ќе биде преместена за во јануари, а потоа почнуваат сите подготовки за американската промоција на американскиот музички албум снимен во „Парамаунт студиос“ во Холивуд со одлични артисти од Лос Анџелес и музичкиот инженер на Бруно Марс и Џејсон Деруло“, најави Врчак.

Врчак со емотивна објава за Андреј од „ДНК“: Ја снимивме последната песна неколку дена пред да загине

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот