ВИДЕО: Нови снимки од инцидентот кај „Мавровка“, полицијата уапси неколкумина

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Малку недостасуваше вечерашниот инцидент на протестот против францускиот предлог, кој се случи кога група која дојде од Старата скопска чаршија почна да фрла со камења, шишиња и други предмети кон толпата, да ескалира во отворен судир меѓу двете страни.

По неколку драматични минути, во кои заедно со камењата, се разменуваа пцости и вулгарни зборови, но и националистички слогани, пристигнаа поголем број полицајци, кои ги раздвоија двете страни и уапсија неколкумина.

Екипата на „Слободен печат“ која известува од протестот, забележа повеќе лица вооружени со пиштоли меѓу провокаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот