ВИДЕО: Нов шок за Јувентус, Интер сè поблиску до титулата во Серија А

фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Четврти натпревар по ред фудбалерите на Јувентус не доаѓаат до победа во најквалитетната италијанска лига.

По ремито со Емполи и двата порази од Интер и Удинезе, денеска „Старата дама“ одигра нерешено со Верона (2:2) на гостински терен.

Ова е секако и добра вест за водечкиот Интер кој сега има моментно девет бодови предност во однос на Јуве, но и еден натпревар помалку.

Во 11 минут Верона стекна предност со голот на Фолоруншо, а израмни Влаховиќ во 28 минута од пенал.

Нова позитива домаќините стекнаа од 52 минута со погодокот на Нослин, а конечниот епилог на средбата го постави Рабио во 55 минута.

Верона до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во Серија А, моментно е на 18 позиција со 20 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот