ВИДЕО: Неверојатна статистика и кикс на Реал Мадрид против Кадиз!

„Кралевите“ повеќе ја имаа топката против аутсајдерот Кадиз, но реализацијата ја немаше/Мадрид, Шпанија/19 декември 2021/Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Фудбалерите на Реал Мадрид изненадувачки одиграа само нерешено без голови (0:0) на домашен терен против Кадиз во натпреварот од 18 коло во најсилното шпанско првенство.

На стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид немаше големи возбудувања особено во првото полувреме. Играчите на Карло Анчелоти доминираа, имаа посед на топката, во првите 45 минути имаа дури 82% посед, но и само два удари во рамките на противничкиот гол.

И во вториот дел „кралевите“ ја имаа повеќе топката во своите нозе, но со само три посериозни шанси за погодок.

Верувале или не, Реал го заврши мечот со неверојатни 36 удари кон противничкиот гол, од кои девет во рамките на голот. Гостите имаа четири обиди, но ниту еднаш не успеаја да шутнат во рамките од голот на домаќините.

Реал го запиша четвртото реми сезонава, но и натаму е на лидерската позиција во „Ла Лига“ со 43 бодови, шест повеќе од второпласираната Севиља. Кадиз кој се бори за опстанок сезонава може да биде повеќе задоволен од ремито, но и натаму е во опасната зона за испаѓање на претпоследното 19 место со 14 бодови.

Ла Лига, 18. коло

Недела, резултати –

Гранада – Мајорка 4:1
Атлетик Билбао – Бетис 3:2
Хетафе – Осасуна 1:0
Реал Мадрид – Кадиз 0:0

Табела: Реал Мадрид 43 бодови, Севиља 37, Бетис 33, Рајо Ваљекано 30, Атлетико Мадрид 29, Реал Сосиедад 29, Барселона 27, Валенсија 25…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот