ВИДЕО: Несторовски од клупата го гледаше Удинезе во големата победа над Милан

Вечерва во рамките од 27 коло во најсилното италијанско првенство составот на Удинезе на домашен терен непријатно го изненади Милан со 3:1.
Веќе во деветтата минута за водство на домаќините се погрижи Перејра по асистенцијата на Самарџиќ. Непосредно пред крајот на првото полувреме Сотил, тренерот на Удинезе, поради неспортски потег, доби црвен картон.
Пред паузата видовме уште два гола на мечот, Ибрахимовиќ стрелаше од пенал, не од првиот, но од вториот обид, за израмнување, но домаќините веднаш се вратија во предност преку Бето.
Конечниот епилог го постави Ехизибу во 70 минута од натпреварот на „Дачија“ Арената во Удине.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резервни играчи кај Удинезе. Тоа беше 11 натпревар во Серија А оваа сезона кој Несторовски го гледаше од резервната клупа.
Удинезе после деветтата победа сеознава е на осмото место со 38 бодови, а Милан кој ги загуби шансите за титулата, но сега стравува и во трката за едно од местата кои водат во ЛШ, се наоѓа на четвртата позиција со 48 бодови.