ВИДЕО: Несторовски е херојот на Удинезе, стрелаше за триумф над Фиорентина!

Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Денеска во рамките од 24 коло во Серија А составот на Удинезе на домашен терен со 1:0 триумфираше против Фиорентина.

На „Дачија“ Арената во Удине стрелец на единствениот гол беше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во 86 минута со глава ја смести топката во противничката мрежа после прекрасната асистенција на Де Пол.

Нашиот играч кој го одигра целиот натпревар за домаќините го запиша својот вториот гол сезонава во шампионатот, претходно стрелаше и против Торино.

Интер дома со 3:0 беше убедлив над Џенова, головите ги реализираа Лукаку, Дармијан и Санчез. За гостите од 62 минута против својот поранешен клуб настапи Горан Пандев како замена за Скамака.

На табелата Џенова е на 13 позиција со 26 бодови, два помалку од Удинезе на 12 место. Во оваа рунда се одиграа уште два меча, Кротоне загуби дома од Каљари (0:2), додека Аталанта со истиот резултат славеше кај Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот