ВИДЕО: И Аталанта верува дека може до Скудетото!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска во првиот натпревар од неделната програма во 24 коло од Серија А, Аталанта на гостински терен со 0:2 славеше против Сампдорија.

Стрелци на головите беа Малиновски во 40 минута, како и Госенс во 70 минута од средбата на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова.

Аталанта го забележа и третиот триумф по ред во шампионатот, сега тимот од Бергамо ја дели третата позиција со Јувентус.

Заедно со „Старата дама“ има 46 бодови, само три помалку од второпласираниот Милан, а водечки е Интер (53). Сампдорија е на 10 позиција со 30 бодови.

Во наредната рунда од најсилното италијанско првенство Аталанта е домаќин на Кротоне, а играчите на Раниери ќе гостуваат кај Џенова на нашиот Горан Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот