ВИДЕО: Навивачите на Рома гневни на играчите и го одбија дресот на капитенот, Мурињо во свој стил: Реков да одиме во Ватикан да се помолиме

Навивачите на Рома се разочарани од играта и поразот на нивните миленици/ фото: EPA-EFE/Mats Torbergsen

Околу 400 навивачи на Рома отпатуваа за Норвешка да го бодрат својот тим во натпреварот против Бодо Глимт во Лигата на Европа, но беа сведоци на најголемото понижување во клупската историја. Рома загуби со неверојатни 6:1 од Бодо.

По натпреварот, фудбалерите на Рома дојдоа до трибината каде се наоѓаа нивните навивачи и се обидоа да им објаснат што се случи и да се извинат за катастрофалната игра и понижувачкиот пораз. Капитенот Лоренцо Пелегрини се обиде да ја поправи ситуацијата така што го соблече дресот и за да го подари на навивачите, но никој не сакаше да го земе. Напротив, сите фудбалери на Рома цели пет минути слушаа навреди од нивните навивачи по што се упатија во соблекувалната.

– Во соблекувалната решивме сè меѓу себе. Мораме да се извиниме и од следниот ден да тргнеме уште посилно. Не сум загрижен, туку сум многу лут. Не треба да добиете шлаканица за да научите нешто, но овој пат ја заслуживме – изјави капитенот Лоренцо Пелегрини.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ја презеде одговорноста на себе за поразот.
– Јас сум одговорен бидејќи одлучив да играм со оваа екипа. Го сторив тоа со добра намера бидејќи сакам да им дадам можност да играат оние фудбалери кои многу работат, а малку играат. Не го потценив противникот, но се чини дека ги преценив моите играчи. На теренот изгледаше како Солбакен да е на Мото ГП мотоцикл, додека нашите играчи се на велосипед. Кога пред 4-5 недели реков дека мора да одиме во Ватикан да се молиме за да не заобиколат повредите, знаев што зборувам – изјави Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот