ВИДЕО: Навивач побара од боксер да му се потпише на микробранова печка

Сите беа во чудо кога навивачот дојде со микробранова печка пред познатиот боксер/Фото: Принтскрин/twitter.com/DAZNBoxing

Модерните спортисти се планетарно популарни, а една од нивните постојани активности е потпишување автограми.

Спортистите обично се потпишуваат на хартии, маици, делови од спортска опрема или патики, но сега популарниот боксер Крис Јубанкс јуниор мораше да се потпише на микробранова печка!

Се шеташе по улиците во Њукасл, веднаш беше опкружен од група фанови, а помеѓу нив и еден човек со микробранова печка на која сакаше да се потпише поранешниот светски шампион!

Јубанкс ја исполни таа желба и сега верниот фан сигурно ја има најпосебната микробранова печка во светот.

Јубанкс има 30 победи и само два порази во кариерата и сака повторно да се бори за титулата шампион во супер средна категорија. Тој е во Њукасл бидејќи има борба со Германецот Ваник Авиџан.

Тој е голем фаворит на тој меч, и со евентуална победа може да дојде до шанса повторно да се бори за шампионски појас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот