ВИДЕО: Навивач ја прекина акцијата на Лео Меси, а беше и посрамотен од Паје

Навивач на Марсеј прекина опасен напад на ПСЖ преку Лионел Меси/Фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Во дербито на француската „Лига 1“ без голови (0:0) заврши натпреварот помеѓу екипите на Олимпик Марсеј и ПСЖ. Овој дуел на лутите ривали секогаш предизвикува големо внимание.

Така беше и овојпат, во првото полувреме беа поништени голови, најпрвин автогол кога требаше да поведе ПСЖ, но Нејмар беше во офсајд.

Не долго потоа, Аркадиуш Милик ја затресе гостинската мрежа, но и тој погодок не беше признат после гледањето на ВАР снимката.

Во второто полувреме, во 74 минута на кратко беше прекинат мечот откако еден навивач влета на теренот. Тоа беше еден опасен напад на париските „светци“, токму во акција се наоѓаше Лионел Меси, но навивачот истата ја прекина.

Меси кое треба да биде еден од клучните играчи сезонава за парискиот клуб, не се запиша во листата на стрелците, а воедно пред крајот на мечот му беше одземена топката од една од главните домашни ѕвезди, кој потоа и на одличен начин го издрибла Аргентинецот што наиде на овации кај навивачите на Марсеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот