ВИДЕО | Наполи со пресврт до победа против Верона

Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Фудбалерите на Наполи ја совладаа Верона со 2:1 во натпревар од 23-тото коло во италијанската Серија А.

Актуелниот шампион на Италија на кого сезонава не му оди најдобро, губеше 0:1 се до 79. Минута, но со голем пресврт во финишот дојде до победа. По првите 45 минути немаше голови. Домаќинот беше поблиску до водтво, добри прилики пропушти Кварцхелија, но мрежите мируваа.

Многу поинтересни беа вторите 45 минути, тогаш видовме многу повеќе возбудувања на теренот под Везув. Верона беше подобра во првиот половина час и во 72. минута со голот на Томас Суслов стигнаа до водство.

Не се предаваше Наполи и седум минути подоцна изедначија со голот на Клинт Енгонг кој во јануарскиот преоден рок токму од Верона пристигна во Наполи. На три минути пред крајот на натпреварот Грузиецот Кварацхелија погоди и донесе три бода за Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот