ВИДЕО: Наполи и Елмас сигурни против Легија

Убедлив триумф на Наполи во Лигата на Европа/ фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи ја остварија првата победа во Лигата на Европа откако во рамките на третото коло со 3:0 славеа над Легија.

Лидерот во Серија А до победата дојде во финишот од натпреварот, поточно во последните 14 минути. Прво Лоренцо Инсиње во 76 минута му донесе водство на Наполи, а четири минути подоцна Осимен зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Политано во судиското продолжение и тоа по асистенција на Еллиф Елмас. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар за Наполи.

Големи возбудувања имаше на напреварот во Прага каде Олимпик Лион со пресврт славеше над Спарта со 3:4 и тоа со пресврт откако во првиот дел губеше со 2:1. Важна победа на гостински терен остарија и Монако кој беше подобар од ПСВ со 2:1 како и Галатасарај кој со 1:0 го победи Локомотив  Москва. Фаворитската улога ја оправдаа Вест Хем во дуелот со Генк (3:0) каок и Ренџерс против Брондби (2:0).

Резултати:
Група А

Спарта Прага – Олимпик Лион 3:4
Ренџерс – Брондби 2:0

Група Б
ПСВ – Монако 1:2
Штурм – Реал Сосиедад 0:1

Група Ц
Наполи – Легија 3:0

Група Д
Фенербахче – Антверпен 2:2
Ајнтрахт – Олимпијакос 3:1

Група Е
Лацио – Олимпик Марсеј 0:0
Локомотив М. – Галатасарај 0:1

Група Ф
Лудогорец – Брага 0:1
Митјиланд – Црвена звезда 1:1

Група Г
Бетис – Баер Леверкузен 1:1

Група Х
Рапид Виена – Динамо Загреб 2:1
Вест Хем – Генк 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот