ВИДЕО: Надал – Ѓоковиќ, пет мечеви кои го одбележаа најголемото тениско ривалство

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Двајца титани денеска од 20.45 часот ќе раскажат уште една епска „тениска бајка“. Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал по 59 пат во кариерата ќе ги вкрстат копјата, овој пат во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Светскиот рекет број еден и бранител на круната на Отвореното првенство на Франција, Ѓоковиќ има минимална статистичка предност од 30 победи, наспроти 28 на „бикот од Мајорка“.

Вечерашниот дуел е специфичен по голем број параметри во однос на претходните. Доколку Србинот биде подобар, ќе го отвори патот за изедначување по бројот на грен слем титули со Рафа (21:20).

„Кралот на земјата“, кој беше крунисан 13 пати во главниот град на Париз, во очите на јавноста беше виден како бледа сенка на супериорната тениска машина каква што беше. Против Оже-Алијасим имаше исцрпувачки меч, четири и пол часа борба може да остави голема трага на физичката кондиција на Шпанецот.

Тој вчера изјави дека во секое време може да ја заврши кариерата поради проблеми со повредите, па фановите стравуваат дека ова може да биде последен пат да бидат сведоци на едно од најголемите спортски ривалства во историјата.

Тоа е идеална можност да се потсетиме на петте највозбудливи пресметки кои ја одбележаа историјата на тенисот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот