Фото: Epa

ВИДЕО: Над 300 животни угинаа во зоолошка градина поплавена по експлозијата на браната Каховка

Зоолошка градина лоцирана на брегот на реката Дњепар соопшти дека нејзините 300 животни угинале откако била поплавена по експлозијата на браната Каховка, која ја минираа руските сили.

Зоолошката градина „Казкова Диброва“ објави за загубата на Фејсбук.

„Паркот беше миниран и беше невозможно да се евакуираат животните“, се вели во соопштението.

– Се обидовме да ги спасиме. Секој ден, под непријателски оган, двајца работници си ги ризикуваа животите за да одат во Диброва да ги нахранат животните, соопшти претставник на зоолошката градина.

– Сега Русија уништи сè. Душата ни е растргната од болка, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот