ВИДЕО: На отворањето на грандиозниот стадион 20.000 луѓе, сите негативни на ковид-19!

Фото: © LOC/fifa.com

Овој нов стадион на кој исто така ќе се играат натпреварите на следното Светско првенство во Катар 2022, прима 40 000 гледачи и дефинитивно остава без здив!

Стадионот „Ал-Рајан“, еден од симболите на СП 2022 година во оваа земја, беше официјално отворен во Катар во петокот и изгледа фантастично!

На церемонијата присуствуваа 20 000 гледачи, што е најмасовна манифестација во таа земја од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, а сите гледачи мораа да добијат негативен тест за коронавирусот пред да влезат на стадионот.

На свеченото отворање присуствуваа катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и претседателот на Азискиот олимписки комитет, шеикот Ахмад ал-Фахад, а по отворањето, на стадионот беше одиграно финалето на „Купот Емир“ меѓу Ал-Сад и Ал-Араби, кое заврши со резултат 2:1.

На стадионот „Ал-Рајан“, кој може да собере 40.000 гледачи и се наоѓа на 24 километри западно од главниот град Доха, ќе се одиграат седум натпревари на СП до осминафиналето.

Во Катар, која ќе биде прва земја од Блискиот исток, домаќин на Мундијал, и покрај пандемијата на коронавирусот, продолжува да се работи на изградба на стадиони, подземни железници, зголемување на капацитетите на хотелите и друга неопходна инфраструктура како дел од подготовките за организирање на Светското првенство.

СП на кое ќе учествуваат 32 репрезентации ќе започне на 21 ноември и заврши на 18 декември 2022 година на Денот на државноста на Катар.

ВИДЕО: Катар со уште еден прекрасен стадион, „вселенски брод“, како гигантски телевизор!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот