ВИДЕО: Катар со уште еден прекрасен стадион, „вселенски брод“, како гигантски телевизор!

Фото: twitter.com/roadto2022en

Катар е скоро подготвен да ги пречека најдобрите светски фудбалски репрезентации за две години на наредниот Мундијал кој за првпат ќе се органира во невообичаен термин, од 21 ноември од 18 декември 2022 година.

Организаторите на следното Светско првенство пред јавноста презентираа уште еден комплетно завршен стадион, грандиозниот комплекс „Ал Рајан“, кој покрај фудбалскиот објект, содржи и голем број придружни објекти.

Стадионот има капацитет од 40.720 места, се наоѓа во близина на градот Ал Рајан, неколку километри подалеку и во средината на голата пустина делува како вистински „прав вселенски брод“ штотуку слетан на ова парче земја.

Инаку, споменатиот стадион беше претставен на Националниот ден на Катар, а првиот натпревар што ќе се игра на него е финалето на „Купот на Амир“ помеѓу Ал Сад и Ал Араби.

Овој објект е изграден на местото на стариот стадион „Ахмед Бин Али“. Реконструкцијата започна во 2016 година, а стадионот буквално блеска, целата надворешна површина е покриена со екрани, па секој што ќе се најде на кое било место околу стадионот, може да види на него разни видео содржини во секое време – буквално како еден гигантски телевизор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот