ВИДЕО | На Филаделфија не и оди без Ембид, Голден Стејт и без расположен Кари лесно до победа

Фото: Philadelphia 76ers

Најдобриот играч во НБА лигата минатата сезона, Жоел Ембид подолго време ќе отсуствува од терените, а без него Филаделфија е како некоја друга екипа.

Од неговата повреда на 31-ви јануари, Филаделфија одигра четири меча и во првиот победи, а потоа претрпе три порази и тоа убедливи. Изминатата вечер на свој терен беа поразени од Голден Стејт со 104:127, па така и во прашање го доведоа директниот пласман во плејинот, бидејќи Мајами кој е седмопласиран заостанува само две победи зад Филаделфија која е петта.

Се држеше Филаделфија некако во првата четвртина, но Вориорс вториот и третиот период ги добија со вкупен резултат 76:46 и така го решија прашањето на победникот. Во еден момент предноста на Филаделфија беше и 30 поени разлика. Голден Стејт и по оваа победа и понатаму е надвор од плејин зоната, тие се на 11-то место со учинок од 23 победи и 25 порази.

Стеф Кари одигра натпревар под своите стандарди и средбата ја заврши со само девет поени за 25 минути игра. Вигинс беше најефгикасниот со 21 поен и 10 скока. Куаминга и Томпсон постигнаа по 18. Кансил за Филаделфија уфрли 18.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Торонто 117-123

Вашингтон – Кливленд 106-114

Бостон – Атланта 125-117

Мајами – Сан Антонио 116-104

Филаделфија – Голден Стејт 104-127

ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106-117

Сакраменто – Детроит 120-133

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот