ВИДЕО | Митровиќ повторно стрелец, Фулам пресилен за Астон Вила, победи и Лестер

Фото: Fulham Football Club/Twitter

Во Премиер лигата вечерва се одиграа два натпревари, Фулам ја победи Астон Вила (3:0), а Лестер беше подобар од Лидс (2:0).

Од почетокот на натпреварот Фулам тргна офанзивно да создава шанси. Првиот гол го постигнаа преку Харисон Рид во 37. минута. Оли Воткинс имаше прилика да изедначи пред паузата, но Бернд Лено беше поуспешен.

Работите за тимот од Бирмингем се искомплицираа во текот на 62. минута. Главниот судија Мајкл Оливер по реакција на ВАР му покажа директен црвен картон Даглас Луиз после агресивното однесување на Бразилецот кон Митровиќ. Само пет минути откако Астон Вила остана со играч поомалку Фулам го зголеми водството.

За 2:0 се погрижи Александар Митровиќ. Српскиот напаѓач прво изнуди пенал, а потоа и го реализираше. Конечните 3:0 беа поставени со автоголот на Тајрон Мингс во 84. минута.

Лестер славеше против Лидс (2:0) за кого ова беше трет пораз во низа. „Лисиците“ до предност дојдоа со автоголот на Коч после 15 минути игра, а конечниот резултат го постави Барнс во 35. минута од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот