ВИДЕО: Милан на два-три чекори од титулата во Серија А

Рафаел Леао го постигна 10 гол во дресот на „росонерите“/Милано, Италија/1 мај 2022/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан го совладаа денеска на домашен терен тимот на Фиорентина со 1:0, во натпреварот од 35 коло во најквалитетната италијанска лига.

Единствениот гол за „росонерите“ го реализираше Рафаел Леао во 82 минута од средбата.

Ова е трета победа во низа за Милан, вкупно 23 во Серија А и моментно има 77 бодови, пет повеќе, но и меч повеќе од второпласираниот Интер кој подоцна ќе игра со Удинезе.

Фиорентина го претрпе третиот последователен пораз, вкупно 13 во лигата и е седма на табелата со 56 бодови, два помалку и натпревар повеќе од Рома на шестото место кое води во Лигата на конференциите.

Претходно денеска Јувентус на домашен терен ја победи Венеција со 2:1, а вечерва ќе се игра уште Рома – Болоња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот