ВИДЕО | Медведев ги критикуваше организаторите: Кој ќе биде виновен ако умрам на теренот?

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Најголемиот ривал на Новак Ѓоковиќ за златниот медал на тенискиот турнир на Летната Олимпијада е незадоволен од третманот кој го има во Токио.

Данил Медведев стигна до четвртфиналето на Олимписките игри, но мечот и триумфот над Фабио Фоњини останаа во сенка на скандалот кој го направи во вториот сет.

Русинот ги критикуваше организаторите за датумот во кој се одигра мечот со температура над 30 степени.

Во еден момент, судијата на главниот стол го праша Данило дали е добро, на што тој одговори:

– Можам да го завршам мечот, но доколку умрам, кој ќе ја преземе одговорноста – беа зборовите на Медведев.

ВИДЕО: Шпанска тенисерка го предаде мечот во Токио поради топлотен удар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот