ВИДЕО| Мбапе веќе се однесува како претседател на ПСЖ: Се налути кога соиграч му додаде на Меси, а не на него

Принтскрин/Твитер

ПСЖ фуриозно ја започна одбраната на титулата во Лига 1, во првите две кола ги почести противниците со по пет гола, последна жртва е Монпелје кој е совладан со 5:2.

Нејмар постигна два гола, Мбапе даде еден, исто како и новото засилување Ренато Санчез, додека резултатот беше отворен со автогол, но медиумите за медиумите поинтересно е однесувањето на Мбапе.

Килијан Мбапе летово потпиша нов договор со ПСЖ со кој доби големи овластувања, француските медиуми пишуваа дека сите трансфери мора да добијат негова согласност, а сега на теренот се однесуваше како разгалена ѕвезда кога соиграчите не му додадоа топка.

Имено, летното засилување Витиња започна контранапад, на левата страна беше Мбапе кој бараше да му биде додадена топката, но Лионел Меси трчаше од десната страна и беше поблиску до Португалецот. Витиња му ја додаде топката на Меси, додека Мбапе демонстративно застана на средина на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот