ВИДЕО: Масовни антивладини протести во Прага

Масовни протести во Прага против владата / 03 Септември 2022/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Околу 70.000 луѓе денеска протестираат на Вацлавскиот плоштад во Прага против чешката Влада, Европска Унија и НАТО.

Протестите се во организација на чешките радикални националисти и други вонпарламентарни партии. Главно барање на организаторот на протестот насловен „Чешка на прво место” е оставка од коалициската Влада на премиерот Петр Фијала, како и смена надворешната политика кон Русија. Исто така се бара и Чешка да прогласи воена неутралност, како и да се носат одлуки независно од Светската трговска организација и од Обединети нации.

Чешка мора да се ослободи и да не биде директен политички поданик на ЕУ, СТО и ОН, беше наведено во поканата за протестот.

Демонстрантите исто така побараа по оставката на Владата да се овластат експерти од радикалните националисти, комунистите и други антисистемски движења и иницијативи да склучат договор со Русија во име на Чешка за итна испорака на евтин гас.

Тие исто така бараат чешките производители да ги напуштат европските берзи за електрична енергија и да се ослободи целата чешка економија од странски капитал и компании.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот