ВИДЕО: Македонија ја запиша втората победа, против Грузија за четвртфинале на ЕП

Македонските млади кошаркари во Тбилиси го совладаа Косово (85:67)/Фото: kfsm.mk

После убедливиот триумф на стартот против Австрија (90:54) и вчерашниот тесен пораз од Шведска (90:92), денеска македонската младинска репрезентација ја оствари втората победа над Косово со резултат 85:67.

Успеавме во првите минути да направиме разлика која на истекот на 10 минута беше седум поени (21:14). Во средината на втората четвртина, по забивањето на Андоноски, Македонија премина во двоцифрено водство (32:21). Нешто потоа имавме и уште повисоки 42:29 и 44:31, кога положи Хот, за полувремето да го затвориме со 45:33.

Со добра одбрана го натеравме противникот да направи 12 технички грешки. Го задржавме високото ниво во дефанзивата, за нецели осум минути Косово имаше само осум реализирани поени. Ние двојно повеќе (16), за да дојдеме до уште повисока предност (41:61).

Иако имавме проблеми со реализацијаја (само 22% во обидите за три), па и од линијата за слободни фрлања (ниски 56%), знаевме како да го одржуваме високото водство и да стигнеме до планираниот успех.

Најефикасни во нашата селекција беа Хот и Митревски по 14 поени, Андоноски 13, а Миловановиќ имаше 10. На спротивната страна Ејупи постигна 13 поени, 10 беа дело на Реџепи.

Клучниот меч за пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Тбилиси („Дивизија Б“) нашите млади кошаркари ќе го играат на 20 јули против домаќинот Грузија од 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот