ВИДЕО | Maјсторски гол на Енис Барди од слободен удар во дербито со Фенербахче

Фото: Screenshot

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди постигна мајсторски гол во поразот на Трабзонспор против гигантот Фенербахче во Трабзон.

Барди доби прекин откосо од левата страна и со мајсторски гол го матираше хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ. Со тој гол Трабзонспор намали на 1:2, а до крајот видовме по еден гол и на двете страни за конечни 2:3.

На табелата Фебербахче ја продолжува битката со Галатасарај и се враќа на два бода негатива (79), додека Трабзонспор е на третата позиција, но е далеку со 49 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот