ВИДЕО: Мајами хит е првиот финалист во Источната конференција

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Пласман во финалето на Источната конференција во НБА плеј-офот први обезбедија играчите на Мајами хит. Екипата од Флорида во шестиот натпревар го совлада Њујорк со 96:92 за триумф од 4:2 во серијата.

Иако Никси во првата четвртина стекнаа 14 поени предност (31:17), на паузата Мајами замина со минимална позитива од 51:50.

Њујорк ги одржуваше шансите до финишот на средбата, поточно на 35 секунди пред крајот, при водство на Мајами од 92:90. Никси имаа и напад, но не го искористија. Потоа, Џими Батлер реализираше два слободни фрлаа и го реши натпреварот.

Мајами по третпат во последните четири години се наоѓа во финалето на Истокот. За „жешките“ најефикасен беше Батлер со 24 поени, еден помалку Бем Адебајо, а Макс Штрус се истакна со 14 поени.

На спротивната страна Џејлен Брансон доминираше со 41 поени, следен од Џулијус Рендл кој имаше „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 11 скока.

Мајами во финалето на Истокот ќе игра против Филаделфија сиксерс или Бостон селтикс во чија серија моментно резултатот е 3:3.

ВИДЕО | Joкиќ по пласманот во конференциското финале: Не можев ниту да замислам дека ќе играм во НБА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот