ВИДЕО: „Магнетизирана“ медицинска сестра по вакцинација со комична демонстрација

twitter

Медицинската сестра Џоана Оверхолт се обиде да докаже дека вакцината против ковид-19 те магнетизира, но се соочи со комичен неуспех. 

Медицинската сестра Џоана Оверхолт од Охајо, се обиде да докаже дека вакцините за ковид-19 содржат „магнетни кристали“ и тоа го направи со директно и јавно обраќање до Министерството за здравство при што се обиде да „залепи“ клуч и шнола на градите и вратот.

„Може ли да го објасните ова?“, ги прашала Џоана присутните, во тек на пропаднатата демонстрација.

Двата предмети не се задржале на неа и веднаш паднале, но кога првпат го залепила клучот за градите, останал неколку секунди таму. Ова се случило затоа што човечкото тело лачи себум и пот, кои ја прават кожата леплива и предметите можат на кратко да се задржат за неа, пренесува „Buzzfeed“.

Дел од смеата на нејзина сметка беше насочена и кон нејзиниот избор на доказни предмети, бидејќи повеќето клучови не можат да се магнетизираат.

„Веќе долго време постои сомнеж дека постои некоја досега неутврдена врска помеѓу вакцините и мрежните 5G трансмитери“, познатата антиваксерка Шери Тенпени се огласи во одбрана на Оверхолт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот