ВИДЕО: „Магија“ на Карим Бензема за триумф на Ал-Итихад во Арапскиот куп

фото: EPA-EFE/STR

Во рамките од второто коло во Арапскиот куп екипата на Ал-Итихад од Саудиска Арабија со резултат 1:0 на домашен терен против Сфаксиен од Тунис.

Во првото полувреме немаше голови, а непосредно пред паузата гостите останаа без еден играч поради црвениот картон на Али.

Тоа го искористија домаќините за триумф кој го донесе екс играчот на Реал Мадрид, Карим Бензема со убав погодок во 63 минута. Во 84 минута кај тунискиот клуб уште еден играч предвреме го напушти теренот откако Конте доби и втор жолт картон во 84 минута.

Тоа е веќе втора победа за Ал-Итихад во групата „А“, и во првата еден од најзаслужните беше Бензема со гол и асистенција.

Бензема во јуни годинава за нешто над 100 милиони евра одлучи да го напушти Реал Мадрид и се пресели во клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот