ВИДЕО | Не помогна ниту трипл-даблот на Дончиќ, Бостон поведе со 2:0 во финалната серија

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Eкипата на Бостон поведе со 2:0 во финалето од НБА лигата против Далас откако изминатата вечер славеше победа до 105:98.

Дончиќ беше најдобар на теренот и постигна трипл-дабл, но тоа не беше доволно за неговиот тим да направи брејк. Бостон максимално ја искористи предноста на домашниот терен и победи во двата воведни натпревари и сега е на половина пат до шампионскиот прстен.

Водеше Далас во најголем де лод првиот дел, меѓутоа некаде кон средината на втората четвртина ја загубија предноста и Бостон на пауза замина со предност од три разлика (54:51).

Предноста на домаќините беше највисока во последниот период (103:89), а во тие моменти Далас почна да намалува и со серија од 9:0 донесе малку неизвесност во зввршницата. Сепак немаа сила за конечен пресврт.

Лука Дончиќ на теренот иако беше неизвесен поради повреда помина на теренот 42 минути во кои постигна 32 поени и додаде уште 11 скокови и исто толку асистенции. Во редовите на Бостон Холидеј запиша дабл-дабл од 26 поени и 11 скокови.

Сега финалната серија се сели во Далас каде што се играат наредните две средби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот