ВИДЕО | Андоновиќ: По средбата со Путин, Додик најави референдум за раздружување од БиХ

Анализа со Андоновиќ / Фото: Слободен печат

Република Српска ќе одржи референдум за независност од Босна и Херцеговина, а датумот ќе биде одреден во согласност со интересите на другите партии, изјави за руската агенција ТАСС, претседателот на ентитетот на БиХ, Милорад Додик.

„Има одлука за отцепување, но сè уште не е одреден конкретен датум. Треба да се направат многу анализи. Ние би сакале сега, но, освен нас, во процес сè уште две партии. За ова, се разбира, е потребно време“, изјави Додик во интервју за ТАСС на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Додик потенцира дека неговата главна задача е да го иницира преговарачкиот процес.

Сигурни сме дека во оваа фаза веќе има доволно историска, општа цивилизациска зрелост и разбирање дека тоа треба и ќе се случи“, рече Додик, алудријаќи на мирно раздружување од федерацијата и стекнување на независност на Српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.

Според него, останувањето во Босна и Херцеговина за Република Српска е „синоним за губење време и можности“.

„Затоа е неопходно што поскоро да се реализира она што го сакаме, за да престанеме да трошиме ресурси надевајќи се дека Босна и Херцеговина ќе направи нешто“, додаде претседателот на РС.

Во исто време, тој тврди дека РС „апсолутно“ не сака да создаде „нестабилност“.

„Затоа пред сè и предложивме на Босна и Херцеговина да се повлече од земјата, да го раскине Дејтонскиот договор. Ние всушност одиме во таа насока“, рече тој.

Додик претходно изјави дека властите на Република Српска во рок од 30 дена ќе подготват резолуција за мирно отцепување на тој ентитет од Босна и Херцеговина. Според неговите зборови, со тоа ќе се обезбеди зачувување на постоечкиот модел на функционирање на економијата и негово приспособување на моделот на мирна сепарација во рок од неколку години.

Лидерот на Република Српска ја поврза таа иницијатива со нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница во 1995 година, што Додик го нарече незаконско. Тој, исто така, рече дека меѓународната заедница не обрнува внимание на убиството на околу 3.500 етнички Срби, жртви на исламските милиции во областа Сребреница за време на вооружениот конфликт во раните 1990-ти, јави руската новинска агенција ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот