ВИДЕО | Пријателски натпревари: Холандија убедлива против Исланд, Полска ја победи Турција, но ќе стравува за Левандовски

Фото: OnsOranje/FB

Фудбалската репрезентација на Холандија не дозволи изненадување и во последниот контролен натпревар го совлада Исланд со 0:4.

Исланд во натпреварот влезе мотивиран бидејќи пред неколку дена ја совлада Англија со 0:1 на „Вембли“, сепак денеска немаа сили за ново изненадување. Чави Симонс во 23. минута го отвори резултатот.

Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата. Во вториот дел Холанѓаните постигнаа уште три гола и тоа преку Ван Дајк, Мален и Вегхорст.

Полска во интересен натпревар ја победи Турција со 2:1. Свидовски го отвори резултатот по само 12 минути, Јилмаз се погрижи за 1:1, додека за победа погоди Залевски во 90. минута.

Но, Полјаците не се радуваат премногу на победата бидејќи Роберт Левандовски се повреди во првиот дел и сега неговиот настап на ЕП е под знак прашалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот