ВИДЕО | Оченаш играч на натпреварот: Чешка со срамни пенали ја победи Македонија

Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Чешка ја победи Македонија со 2:1, но мора да се признае дека до истата Чесите дојдоа на крајно сомнителен начин со два гола од контроверзни пенали.

Не го започнавме добро натпреварот и во првото полувреме скоро и да не направивме ништо. Единствената закана ни беше ударот на Алими во 32. минута кој не беше нешто сериозно. Чешка од друга страна констатно беше пред нашиот гол и создаваше прилики, а Димитриевски забележа неколку интервенции.

Во второто полувреме гледавме една поинаква слика на теренот. Чешка сепак беше таа која дојде до водство и тоа точно на истекот на еден час игра.

Голот за водство кој го постигна Патрик Шик дојде по еден крајно сомнителен пенал во ситуација кога изгледа како Шик да „фаулираше“ свој соиграч во шеснаесетникот.

 

Таквата судиска одлука како да ја „налути“ Македонија, па пет минути подоцна по одличниот удар на Трајковски, Алими ја смести топката во мрежата за 1:1.

Во самата завршница судијата Оченаш одново како да сакаше да ја преземе работата во свои раце и досуди нов пенал за домаќините кој истиот го претворија во гол за конечна победа во последниот натпревар пред Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот