ВИДЕО | Љубовната приказна на Жељко Самарџиќ: На првиот состанок ѝ реков на Маја – „Ти ќе ми бидеш жена“

Фото: Промо

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ кој е по потекло од Мостар, долги години е во брак со Маја со која има три ќерки. Нивната љубов трае 46 години, а Самарџиќ кој на 13 април ќе одржи концерт во Скопје има изјавено дека љубовта ја победила верската разлика помеѓу нив, со оглед на тоа дека Маја е од муслиманска вероисповест.

Фото: Промо

Во емисијата „Еден на Еден“ која ќе се емитува в недела од 18.30 на Канал 5, Самарџиќ раскажа како ѝ се додворувал на сопругата:

– Кога тргнав да ѝ се додворувам на мојата Маја, ѝ реков: ‘Би можела ти да ми бидеш жена’. При првиот наш контакт ѝ го реков тоа, некоја чудна храброст излезе од мене. А јас секогаш се плашев да им пријдам на жените, и секогаш им се восхитував на мажите од мојата генерација. Но, со време дојдов до заклучок дека секој може секого да заведе. Но да задржи, тоа го можат само најдобрите. Ти можеш да направиш кариера, да станеш популарен, но долго да ти живеат песните, да ти пеат сите генерации, тоа е успех. Пред некое време во авион, ми пријде едно девојче, 14-15 години колку мојата внука и ми вели: ‘Може ли да се сликам со вас?’ А јас ѝ велам: ‘Од каде знаеш кој сум јас?’ ‘Па, јас ги знам сите ваши песни’. Е сега дојде еден нов бран, нова генерација, и тие кога се вљубуваат, најмногу сакаат да слуашаат љубовна поезија. А, јас најмногу сакам да пеам љубовна поезија – рече познатиот пејач.

Во продолжение погледнете видео кое на кусо ја опишува забавата која Жељко ја донесе во „Еден на Еден“:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот