Фото: ТикТок/Лорен Палмер

ВИДЕО | Љубовна приказна што го воодушеви интернетот — снимала видеа пред секој состанок, а потоа доживеала неочекуван пресврт

По години разочарувања во љубовта и неуспешни врски, 38-годишната Лорен Палмер од Вашингтон речиси ја изгубила надежта дека ќе ја пронајде вистинската личност.

Но, едно случајно „скролање“ на апликацијата за запознавање целосно ѝ го променило животот.

Како што пренесува „Њузвик“, Лорен со години користела апликации како „Бамбл“ и „Хинџ“, но искуствата биле непостојани, па често правела паузи од состаноци. Во 2025 година повторно решила да им даде шанса, без големи очекувања.

Токму тогаш го запознала Лери Томас (44).

„Неговиот профил не беше ништо посебно, но нешто во неговото лице ме привлече“, раскажала таа.

Пред нивниот прв состанок, Лорен решила да сними кратко видео – како спомен од моментот и како се чувствува. Не ни претпоставувала дека тоа ќе стане почеток на една посебна љубовна приказна.

Иако на состанокот отишла со минимални очекувања, Лери ја изненадил – тој го испланирал целиот ден, кој вклучувал прошетка, вечера и заеднички активности.

@babes0nabudget Same birthday different vibes ✨ #bdayoutfit #couplegoals #birthdaytwin #aquariusszn ♬ sonido original – ・゚✧


По првиот состанок следеле уште многу, а Лорен продолжила да се снима пред секоја нова средба.

Веќе во октомври, двајцата ја официјализирале врската, а кратко потоа отпатувале заедно и сфатиле дека се совршен спој, иако се карактерно различни.

Во декември, таа ги објавила сите видеа на Тикток, прикажувајќи ја трансформацијата – од несигурност до искрена љубов. Видеото брзо стана вирално, со стотици илјади прегледи и илјадници реакции.

„Сѐ уште ми е неверојатно што некој толку прекрасен ме избра мене“, изјавила Лорен, додавајќи дека љубовта често доаѓа кога најмалку ја очекуваме.

@babes0nabudget Plot twist: You CAN find love at 37 years old! #hingedating #onlinedating #hingedatingsuccess #datinginyour30s ♬ original sound – 𝙇𝙭𝙪𝙞𝙨𝙨𝙤𝙪𝙣𝙙𝙯 🎧

Љубовта во дигиталната ера: Може ли вештачката интелигенција да ви помогне да го најдете партнерот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот