ВИДЕО | Ливерпул го победи Барнли и се искачи на врвот во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Ливерпул се вратија на лидерската позиција во Премиер лига откако со 0:2 на гостински терен го совладаа Барнли.

Уште во 6-тата минута Ливерпул го отвори резултатот кога погоди Дарвин Нуњез по асистенцијата од Коди Гакпо.

Доминираа избраниците на Клоп во наредните неколку минути, се редеа шанси пред голот на Барнли, меѓутоа реализацијата изостануваше. Елиот во 55-тата минута ја затресе мрежата за 0:2, но ВАР реагираше и тој гол беше поништен поради офсајд. Во продолжение ВАР понишити и уште еден гол на „црвените“.

На крајот конечните 0:2 ги постави Жота со голот во 90-тата минута. Со овој триумф Ливерпул се искачи на врвот на табелата, меѓутоа Арсенал утре го игра својот натпревар од 19-тото коло против Вест Хем на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот