ВИДЕО: Левандовски во финишот ѝ донесе голема радост на Барса на стадионот „Местаља“

Роберт Левандовски до 13 гол сезонава во дресот на Барселона/Валенсија, Шпанија/29 октомври 2022/фото: EPA-EFE/Biel Alino

Во дербито на 12 коло на шпанската „Ла Лига“, Барселона на стадионот „Местаља“ ѝ гостуваше на Валенсија и победи (0:1) во 93 минута.

Во 13 минута гостите имаа добра шанса да поведат преку Ансу Фати, но Мамардашвили одлично реагираше. Во 23 минута Фати го пронајде патот до мрежата на домаќините, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Пред паузата, во 44 минута Роберт Левандовски упати добар удар со глава, но топката помина само покрај голот. Домашните погодија во 50 минута. Самуел Диас Лино ја испрати топката зад грбот на Марк-Андре Тер Штеген, но истиот по интервенцијата на ВАР беше поништен поради играње со рака.

Се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, но во третата минута од судиското надополнување, по додавањето на Рафиња, Левандовски стрелаше за голема радост на каталонскиот гигант.

Тоа беше 13 гол за Полјакот, кој го зацврсти на врвот на листата на стрелци. Барса со оваа победа се врати на првото место и има ист број на бодови (31) како и Реал Мадрид кој својот меч ќе го има в недела дома против Жирона. Валенсија е на 10 позиција со 15 бодови.

ВИДЕО: Македонецот е херој на Рајо Ваљекано, Димитриевски фати „зицер“ против Севиља

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот