ВИДЕО: Македонецот е херој на Рајо Ваљекано, Димитриевски фати „зицер“ против Севиља

фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Денеска во рамките од 12 коло во најсилното шпанско првенство составот на Рајо Ваљекано славеше голема победа на гостувањето кај Севиља со 0:1.

Единствениот гол на натпреварот беше реализиран преку Гарсија по асистенцијата на Лопез во 61 минута од средбата.

Значаен придонес во триумфот имаше и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со своите одбрани. За Рајо ова е веќе четврти меч во низа без пораз, после петтата победа е на осмото место со 18 бодови.

Се одиграа уште два натпревари оваа рунда во „Ла Лига“, Алмерија го совлада Селта Виго (3:1), додека Кадиз пред своите навивачи непријатно го изненади Атлетико Мадрид (3:2).

Видео записот од најинтересните моменти на натпреварот Севиља – Рајо Ваљекано (0:1) можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот