ВИДЕО: Лестер го освои „Олд Трафорд“ – Сити е новиот шампион на Англија!
И официјално го дознавме новиот премиерлигашки шампион за сезоната 2020/2021, тоа е екипата на Манчестер сити. „Граѓаните“ и математички ја освоија титулата после гостинската победа на Лестер денеска остварена на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед (1:2).
Во првото полувреме „лисиците“ стекнаа предност со погодокот на Томас во 10 минута, но нивната радост не траеше долго бидејќи во 15 минута за израмнување се погрижи Гринвуд.
Херојот на гостите беше турскиот интернационалец Сојунџу кој го постигна победничкиот гол во 66 минута после асистенцијата на Албригтон.
Сити и Јунајтед одиграа по 35 натпревари, во игра останаа уште девет бодови, а играчите на Пеп Гвардиола се на „плус 10“.
За шпанскиот менаџер ова е трета премиерлигашка титула со Сити, претходните две ги освои во сезоните 2017/2018 и 2018/2019.
A season like no other 🏆
A team like no other 💙🤝 @gatorade
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re pic.twitter.com/BmYzRq3MYA— Manchester City (@ManCity) May 11, 2021