ВИДЕО: Лејкерси го надиграа Голден стејт за второ место на Западот!

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лејкерси доцна синоќа во НБА лигата убедливо ги совладаа Вориорси со резултат 117:91 на домашен терен и така скокнаа на второто место на табелата во Западната конференција.

Стеф Кари и „воините“ дури во финишот од натпреварот дадоа нешто посилен отпор, но успеаја само да ја намалат преноста на домаќинот која во третата четвртина беше дури 35 поени.

За составот од Лос Анџелес дури шестмина имаа двоцифрен учинок, предводени од Леброн Џејмс кој на паркетот за 24 минути запиша 19 поени, шест скока и четири асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Ерик Паскал со 18 поени, а два помалку забележа Кари.

На табелата во Источната конференција води Филаделфија (22-12), а моментно најдобар на Западот е Јута (27-7).

НБА, резултати –

Милвоки – ЛА Клиперс 105:100
Бостон – Вашингтон 111:110
Детроит – Њујорк 90:109
Хјустон – Мемфис 84:133
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 117:91
Мајами – Атланта 109:99
Минесота – Феникс 99:118
Сакраменто – Шарлот 126:127

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот