ВИДЕО | Лејкерс славеа против Индијана во натпревар со 295 поени

Фото: Los Angeles Lakers

Tимовите на Лејкерс и Индијана Пејсерс приредија вистинско шоу за фановите на кошарката откако во меѓусебниот дуел во Крипто арената постигнаа вкупно 295 поени без да има продолжение.

Домаќините славеа со 150:145, а тие постигнати 150 поени за нив се најмногу во последните 37 години. Последен пат пред овој дуел до оваа граница дојдоа на 2. јануари 1987 година против Феникс (155:118).

Натпреварот освен што беше ефикасен донесе и драма бидејќи се решаваше во последните седкуни. Иако Лејкерс во последниот период влегоа со предност од 17 поени. Кошаркарите на Индијана тука се разиграа и на 22 секунди до крајот имаа само три негатива. Сепак, Лејкерс не дозволи пресврт во финишот.

Најефикасни беа Ентони Дејвис и Паскал Сиакам со по 36 поени, двајцата имаа и по двоцифрен број скокови (16, односно 13). Леброн исто така дојде до дабл-дабл со 26 поени, 10 асистенции и пет скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њу орлеанс 101-114

ЛА Клиперс – Филаделфија 107-121

Мајами – Кливленд 121-84

Минесота – Голден Стејт 114-110

Милвоки – Оклахома 118-93

ЛА Лејкерс – Индијана 150-145

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот