ВИДЕО | Лејкерс подобри од Атланта, Никси се радуваа против Голден Стејт, Бостон го уништи Детроит со 22 тројки

Фото: nba.com

Изминатата веќер во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА се играа осум натпревари. Лос Анџелес Лејкерс се вратија на победите откако без поголеми проблеми на домашен терен беа подобри од Атланата.

Најдобар беше Дианџело Расел со постигнати 27 поени, а настапи за забележување имаа и Леброн Џејмс и Ентони Дејвис кои постигнаа по 22 поени. Во редовите на поразените се истакна Џејлен Џонсон со 25 поени.

Тимот на Њујорк никси славеше победа на гости кај Голден Стејт со 112:119. Предвовник на теренот во победничкиот состав беше Џејлен Брансон со 34 поени, додека Стеф Кари за Вориороси запиша 27 поени.

Во овој момент најдобриот тим во НБА лигата, Бостон стигна и до шестата победа во низа и 17-та во последните 19 натпревари откако го совлада Детроит со 119:94. Од почетокот до крајот Бостон доминираше, гостите некако се одржуваа само до почетокот на втората четвртина.

На фаворитот му одеа и обидите за три поени и постигнаа дури 22 тројки. Најефикасен беше Џејлен Браун со 31 поен, но тој остана во сенка на одличниот трипл-дабл на Дерик Вајт кој го заврши натпреварот со 22 поени, 10 скока и 10 асистенции. Џејден Ајви за Детроит постигна 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Кливленд 103-108

Бостон – Детроит 119-94

Филаделфија – Мајами 98-91

Чикаго – Портланд 110-107

Јута – Минесота 104-114

Голден Стејт – Њујорк 112-119

Сакраменто – Мемфис 121-111

ЛА Лејкерс – Атланта 136-105

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот